ВИДЕО: Преку апликација ќе се пријавуваат угинати диви свињи, ќе се испитува присуство на африканска чума

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Агенцијата за храна и ветеринарство подготвува апликација за пријавување на угинати или застрелани диви свињи, наменета пред се за ловците, кои се во непосреден контакт со дивите свињи, со цел да се овозможи полесно евидентирање на евентуално присуство на африканска чума во земјава. Тоа е во состав на кампањата која Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) ја започна уште минатата година за подигнување на свеста за болеста во југоисточна Европа.

Примероците од тие свињи се носат на лабораториско испитување каде што се испитува присуство на африканска чума и трихинолоза која се пренесува и на луѓето. Кај нас се уште нема детектирано ниту еден случај на африканска чума, но мораме да бидеме многу претпазливи, бидејќи во неколку од соседните земји е регистриран овој вирус, кој многу лесно се шири меѓу животните. Затоа ја интензивираме и соработката со граничните служби кој што не дозволуваат внес во земјава на никакви месни продукти, нешто што честопати македонските граѓани го прават од економски причини. Од друга страна поради тоа што епидемијата на африканската чума кај свињите може да има такви разорни последици, откривањето, спречувањето и пријавувањето се клучни ако сакаме да ја искорениме оваа болест, вели Николче Бабовски, директор на АХВ.

Тој потенцира дека погубно за економијата би била појавата на свинската чума, бидејќи тоа би довело до масовно погубување на животните од свињарските фарми што ќе доведе до огромна загуба на свињарските фарми.

Ова е еден вид на пандемија која се појави на европско тло но и на останатите држави пошироко од Европа. Но, опасноста доаѓа од блиските земји со кои често соработуваме. Африканска чума кај свињите е забележана во Србија, Бугарија, во северниот дел на Грција имаше еден случај меѓутоа тоа жариште е затворено. Сепак треба да се знае дека оваа болест не се пренесува на луѓето ниту на останатите домашни животни, објаснува Бабовски.

За африканската чума нема лек, ниту пак вакцина која би можела да ја превенира појавата на болеста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот