ВИДЕО | Прекрасна сцена: Фудбалерчиња до седум години играа пред 1.300 навивачи

Фото: Screenshot

Посетеноста на фудбалските стадиони кај нас е болна тема, а сега од Австрија ни пристигнува еден пример кој е фантастичен показател како треба да се сака својот клуб и фудбалот воопшто.

Младите фудбалерчиња до седум години на Австрија Салцбург уште долго ќе го паметат нивното искуство од последниот натпревар затоа што играа пред 1.300 гледачи.

Атмосферата беше прекрасна, навивачите имаа тапани и факели и навиваа како да игра сениорски тим. За жал, кај нас ситуацијата е многу далеку од вакво нешто, па и голем број прволигашки екипи можат да позавидат на поддршката која ја добија овие деца до седум години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот