ВИДЕО: Прекрасен гол на Асенсио во триумфот над Валенсија, Реал на „минус 5“ од Барса

фото: EPA-EFE/Villar Lopez

Денеска во одложениот натпревар од 17 коло во најсилното шпанско првенство составот на Реал Мадрид на домашен терен со 2:0 триумфираше над Валенсија.

„Кралевите“ до 14 победа сезонава во шампионатот стигнаа со двата голови постигнати за 120 секунди.

Асенсио постигна прекрасен гол во 52 минута, а конечниот епилог го постави Винисиус Жуниор (54`) кој претрча пола терен.

На табелата по 19 одиграни кола составот на Карло Анчелоти е на втората позиција со 45 бодови, пет помалку од водечката Барселона.

Валенсија која веќе четири мечеви по ред не знае за триумф е на 14 место со 20 бодови. Во следното коло на 5 февруари Реал ќе гостува кај Мајорка, додека Валенсија истиот ден ќе ги одмери силите со Жирона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот