ВИДЕО: Прекината политичка дебата во Британија, водителката се онесвести

Фото: The Sun / принтскрин

Последната дебата пред изборите за лидер на британските конзервативци помеѓу Риши Сунак и Лиз Трас, од чии редови ќе се избере и новиот премиер, денеска беше прекината, а потоа и откажана, откако водителката се онесвести за време на емисијата во живо.

Дебатата на Sun и TalkTV, водена од новинарката Кејт Мекен, ненадејно запре на половина пат откако се слушна силен удар, а камерата ја покажа актуелната шефица на британската дипломатија, Трас, како реагира со израз на ужас на лицето.

TalkTV рече дека Мекен е „добро“, но на каналот му бил даден медицински совет да не продолжи. „Им се извинуваме на нашите гледачи и слушатели“, додаде каналот.

Кандидатите за прв човек на Конзервативната партија подоцна твитнаа дека им олеснало кога слушнале дека Мекен е добро и посочија дека со задоволство би организирале „реванш“.

Водителката на TalkTV требаше да биде ко-домаќин на дебатата заедно со политичкиот уредник на The Sun, Хари Кол, но тој се повлече откако беше позитивен на тестот за Ковид.

Пред да биде запрена, последната телевизиска дебата меѓу двајцата кандидати ги покриваше даноците, состојбата на јавното здравство и зголемените животни трошоци. Тие требаше да го започнат делот за поддршката на Обединетото Кралство за Украина, кога дебатата беше прекината.

Кандидатите дебатата ја водеа во попомирувачки тон, во споредбна со жестоките судири што ја одбележаа дебатата во понеделникот на BBC One.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот