ВИДЕО: Пред една година Вухан беше во најстрогиот карантин во светот: Вака изгледа денес

Веќе една година црвената ограда продолжува да го блокира пристапот до озлогласениот влажен пазар во Вухан. Таа потсетува дека вирусот САРС-КоВ-2 во своето злокобно патување низ планетата тргна од тој град и го смени светот како што го знаевме дотогаш.

Сепак, „новото нормално“ сега владее во тој град во централна Кина со 11 милиони жители и е слично на ситуацијата пред пандемијата: патиштата се преполни со автомобили, улици со купувачи, јавен превоз со патници и паркови со пешаци.

Во саботата се навршува една година откако властите во Вухан прогласија затворање со цел да се ограничи епидемијата на коронавирус.

Тоа беше првиот – и еден од најстрогите – карантин во целиот свет што буквално го запечати градот на 23 јануари и беше невозможно да се влезе или излезе.

Следеа 76 дена страв и паника пред конечно да се стави вирусот под контрола.

Денес, болниците во Вухан не лекуваат луѓе со ковид-19, градот закрепнува и е желен да продолжи понатаму.

За во петок не се планирани официјални комеморации по повод прогласувањето на „заклучувањето“ пред една година, но трагите од долгиот кошмар сè уште се видливи.

И првото познато жариште сè уште оградено. Бариерите кои го затвораат рибниот пазар во центарот на градот, потсетуваат на првото познато жариште пред вирусот, до сега уби повеќе од два милиони луѓе ширум светот, да ја преземе контролата и да се прошири надвор од границите на Кина.

Иако улиците на Вухан повторно се полни со минувачи, заштитните хигиенски маски на нивните лица укажуваат дека мерките за спречување на ширењето на вирусот сè уште се во сила во Кина, каде се појавија нови локални жаришта во последните неколку недели.

Кина во голема мера успеа да го стави вирусот под контрола, но последните недели бројките нагло се зголемија во некои делови. Властите бргу реагираа одговорија со нови затворања, нови ограничувања на движењето и патувањата и ново масовно тестирање.

Во последниве денови, откриени се неколку случаи на инфекција со коронавирус во Пекинг, поради што 1,6 милиони жители не смеат да го напуштат главниот град.

Извор: Индекс.хр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот