Кит Келог, специјален пратеник на Трамп за Русија и Украина/Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

ВИДЕО | Пратеникот на Трамп за Украина, Кит Келог пристигна во Киев

Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог денес пристигна во Киев во својата прва посета, ден по руско-американските разговори во Саудиска Арабија, за кои Украина изрази осуда, објави украинската јавна телевизија.

Келог денеска пристигна со воз од Полска, а на железничката станица беше пречекан од американската амбасадорка Бриџит Бринк, објави телевизиската станица Суспилне, која објави слики од неговото пристигнување.

„Ја разбираме потребата од безбедносни гаранции… Дел од мојата мисија е да седам и да слушам и да кажам: за што се грижите? рече Келог во видеото објавено од „Суспилне“.

Келог во Киев треба да се сретне со официјални претставници и со претседателот Володимир Зеленски, објавија украинските медиуми.

Русија и Соединетите Држави се согласија во вторникот да формираат тимови кои ќе преговараат за крај на војната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот