ВИДЕО: ППД Загреб е вториот учесник на Ф4 турнирот во СЕХА

ППД Загреб минимално славеше против Војводина во Нови Сад/Фото: seha-liga.com

После Веспрем од Унгарија, и хрватскиот ППД Загреб се промовираше како полуфиналист на Фајнал-фор турнирот во СЕХА Газпром лигата кој ќе се одржи во Задар од 2 до 4 септември 2022 година.

Во еден драматичен натпревар во Нови Сад (Србија), во четвртфиналето ППД Загреб триумфираше со минимален резултат 23:23 против Војводина.

Хрватите водеа во поголемиот дел од мечот, но налета на силен отпор на српскиот шампион кој израмни со голот на Миленковиќ на 20 секунди пред крајот.

Но, Срна на спротивната страна во следниот напад од земја упати удар кој не можеше да го одбрани Лучин, па тимот на Ивица Обрван така многу потешко од очекувањата си обезбеди настап на Ф4 завршницата.

Во победничките редови најефикасен беше Иван Чупиќ со шест голови, а поранешниот играч на Вардар 1961, Тимур Дибиров дебитираше со четири погодоци.

На спротивната страна по четирипати во листата на стрелците се запишаа Пешиќ, Грозданиќ и Пухуски.

ППД Загреб во полуфиналето ќе игра против победникот од дуелот Вардар 1961 – Нексе закажана за 23 август, а два дена подоцна Е. Пелистер е домаќин на Мешков Брест, а подобриот ќе игра против Веспрем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот