ВИДЕО | Познатиот југословенски киоск К67 беше поставен на Тајмс сквер во Њујорк: Но, дали светот знае за неговата културолошка историја?

Instagram
foto> printskrin instagram + printskrin jutjub

Култниот југословенски киоск K67, дело на познатиот словенечки архитект и дизајнер Саша Махтиг, на почетокот на претходниот месец се појави на Тајмс сквер во Њујорк. Киоскот беше поставен како дел од проектот „Times Square Transmissions 2021“ и се користеше како диџеј-кабина за пуштање музика.

Познатата „црвена кутија“ која беше поставена на Тајмс сквер важи за еднo од обележјата на југословенскиот индустриски дизајн. Модуларниот дизајн и структурата од челик, стакло и фиберглас претставуваше еден од ретките експериментални проекти во 60-тите години на минатиот век кои доживеале производство.

Киоск К67 беше неизбежна глетка за време на Југославија, а служеше како трафика, билетара, а понекогаш во истата се продаваше и ход-дог.

Во 1999 година, производството на киосци беше запрено, а дотогаш беа произведени околу 7500 примероци. Иако повеќето останаа во Југославија, голем број киосци беа извезени во странство како во Полска, Ирак, Кенија, Нов Зеланд, Јапонија, поранешниот Советски сојуз, но и во САД.

Уникатниот и иновативен дизајн го привлече вниманието на експертите во индустријата надвор од социјалистичка Југославија. Во 1970 година, завршениот прототип беше претставен во „Дизајн“ – влијателно списание за архитектурата во тоа време, и многу брзо киоскот беше додаден во колекцијата на Музејот на модерна уметност во Њујорк, каде што се чува до ден денес, пишува „Klix.ba“.

Во мај, радиостаницата на „Green Point“, „The Lot Radio“, ја промени својата локација, организирајќи група диџеи да изведуваат музика во живо од Тајмс сквер.

„Црвениот винтиџ киоск K67 од 60-тите години на минатиот век станува диџејска кабина и секој ден од 10 до 22 часот ќе се емитува музика во живо. Посетителите на Њујорк и Тајмс сквер можат да уживаат во мелодиите и сцените лично или онлајн гледајќи видеа во живо на thelotradio.com“, пишуваше на официјалната веб-страница на радиото.

Претседателот на сојузот на Тајмс сквер, кој е одговорен за унапредување и промовирање на Тајмс сквер, се пошегува дека станува збор за внесување на малку Европа во Новиот свет, додавајќи дека на организацијата ѝ се допаднал киоскот толку многу што го купиле и го однеле таму, па може да биде таму засекогаш. Може да се користи како место за информации или за продажба на храна и пијалоци, книги и весници.

Исто така, копија од киоскот К67 може да се најде и во Берлин – познато туристичко место каде се наоѓа најмалиот ресторан во градот и во Австралија каде се користи како станица за мерење на квалитетот на воздухот.

ВИДЕО | Предлог воени филмови: Нешто за плачење, нешто за надеж

ВИДЕО | Предлог воени филмови: Нешто за плачење, нешто за надеж

Најоригинална: Агата Кристи на генијален начин му се одмаздила на сопругот прељубник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот