ВИДЕО: Познати двојките за плеј-офот и плеј-ин во НБА лигата, Леброн против Кари

epa09174956 Los Angeles Lakers forward LeBron James scores during the second quarter of the NBA game between the Toronto Raptors and the Los Angeles Lakers at the Staples Center in Los Angeles, California, USA, 02 May 2021. EPA-EFE/ETIENNE LAURENT SHUTTERSTOCK OUT

Актуелниот шампион ЛА Лејкерс ќе игра во плеј-ин турнирот за пласман во плеј-офот во Западната конкуренција и тоа против Голден Стејт вориорс.
Лејкерси во последниот натпревар го победија Њу Орлеанс со 110:98, но не се пласираа директно во плеј-офот бидејќи Портланд го совлада Денвер со 132:116. Лејкерси до победата ги предводеше Леброн Џејмс со 25 поени.

Од друга страна, Портланд сам си ја одредуваше судбината и со победата над Денвер си закажа плеј-оф пресметка токму со истиот противник во првото коло во Западната конференција.
Си Џеј Меколум со 24, Демиен Лилард со 22 и Јусуф Нуркиќ со 20 поени и 13 скокови беа најзаслужни за победата на Портланд, додека кај Денвер Маркус Хауард постигна 23 поени.

Во плеј-ин турнирот на Западот ќе играат ЛА Лејкерс – Голден Стејт вориос и ќе се игра до две победи по што подобриот тим во првата рунда од плеј-офот ќе се сретне со второпласираниот тим во оваа конференција, Феникс Санс.  Поразениот од овој дуел ќе има уште една шанса да обезбеди пласман во плеј-офот, и тоа во пресметката со подобриот од дуелот Мемфис и Сан Антонио по што ќе биде познат противникот на најдобриот тим на Западот, Јута џез.
За плеј-офот се познати два пара, Денвер – Портланд и ЛА Клиперс – Далас кои и минатата година играа меѓу себе во првото коло од разигрувањето за титулата.

Во плеј-инот во Источната конференција, Бостон и Индијана ќе одлучат кој ќе му се спротивстави на Бруклин нетс во првото коло од плеј-фот, додека поразениот од овој дуел ќе го чека подобриот од пресметката помеѓу Индијана и Шарлот за да одлучат кој ќе излезе на мегдан со најдобриот тим на Истокот, Филаделфија сиксерс.
Познати двојки за првото коло во плеј-офот се Милвоки – Мајами и Њујорк – Атланта.

Резултати:
Њујорк – Бостон 96:92
Торонто – Индијана 113:125
Вашингтон – Шарлот 115:110
Сан Антонио – Феникс 121:123
Голден Стејт – Мемфис 113:101
Атланта – Хјустон 124:95
Бруклин – Кливленд 123:109
Филаделфија – Орландо 128:117
Детроит – Мајами 107:120
Чикаго – Милвоки 118:112
Минесота – Далас 136:121
Newу Орлеанс – ЛА Лејкерс 98:110
Оклахома – ЛА Клиперс 117:112
Портланд – Денвер 132:116
Сакраменто – Јута 99:121

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот