Видео: Познат албански новинар тврди дека Дендијас е Албанец и е братучед на Рама

Во емисијата „Опен“ на Топ чанел телевизија посветена на посетата на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендијас, стана збор и за неговото албанско потекло.

Новинарот Ариан Чани рече дека во селото Вуно кај албанскиот приморски град Валона постарите жители тврдат дека тој потекнува токму од ова село.

-Грчкиот министер за надворешни работи Дендијас е Албанец од Вуно. Неговата фамилија претходно се презивала Деде, рече Чани.

Според него постарите жители тврделе дека Дендијас е братучед на премиерот Еди Рама, бидејќи, како што вели, неговата мајка потекнува од селото Вуно.

Исто така беше речено дека веста за албанското потекло на Дендијас циркулирала и во грчките медиуми.

Шефот на грчката дипломатија вчера беше во службена посета на Албанија. Тој со премиерот на Албанија кој истовремно е и министер за надворешни работи разговараа за Тирана и Атина за поморско разграничување меѓу двете земји.

Еди Рама по средбата објави дека прашањето на морето ќе се регулира на повисоки инстанци.

„Со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, се согласивме да го адресираме прашањето за морето до меѓународната правда, додека сме поблиску од кога и да е до укинувањето на Законот за војна, што е последна пресвртница во историјата на нашите односи“ напиша Рама на Фејсбук.

За време на состанокот во Тирана беа организирани протести кои во неколку наврати премина во судир меѓу демонстрантите и припадниците на полицијата.

Шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас пречекан со протести во Тирана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот