ВИДЕО | Позитива на денот: Куче и гуштер си играа со играчка, луѓето се воодушевија од нивното пријателство

Игра на куче и гуштер / Фото: Скриншот, Твитер

Животните имаат пријателска и сочувствителна природа, па затоа нивните постапки честопати се одличен пример за верност и безрезервна љубов.

Сепак, пријателство меѓу куче и гуштер е една навистина невообичаена замисла. Е па, една снимка на социјалната мрежа Твитер го докажува спротивното – на неа куче и гуштер си играат со плишана играчка и делува како навистина да се забавуваат.

„Заедно се забавуваат“, стои во описот на снимката која е прегледната нешто повеќе од 900 000 пати.

„Луѓето мислат дека влекачите немаат чувства. Очигледно, тоа не е точно“, „Животните сакаат други животни, без разлика на нивниот вид, боја и големина. Штета што луѓето не размислуваат така“, „Прекрасно пријателство“, се дел од коментарите.

Но, дел од корисниците на социјалната мрежа Твитер се загрижени дека гуштерот, можеби, сака да го нападне кучето.

„Сите коментирате дека нивната игра е слатка, но не размислувате за тоа дека можеби гуштерот ја доживува играта како борба до смрт“, „Не сум сигурен дека двајцата се забавуваат. Мислам дека само кучето си игра“, „Не знаете како се чувствува гуштерот. Можеби си игра, а можеби само се обидува да го фати пленот“, сметаат останатите.

ВИДЕО | Позитива на денот: Средба на куче и коњ која ќе ве разнежни

Видео на денот