ВИДЕО: Пожар во зграда во Рим, загина една жена, 17 станари се повредени

Се запали зграда во Рим/Фото: Твитер

Седумкатница во Рим која се реновирала беше зафатена од пламен во петокот попладне, при што една жена загина, а најмалку 17 се повредени, соопштија италијанските власти.

Пожарот во зградата, која се наоѓа во населбата Коли Аниен во главниот град на Италија, избувнал по експлозија, која била предизвикана од непозната причина.

Пожарникарите и полицајците излегле на терен, додека жителите внатре во зградата извикувале „извадете не, гориме“. Телото на жената било извлечено од скалите, а пожарникарите велат дека таа најверојатно починала од задушување додека се обидувала да излезе од запалената зграда.

Седум лица се извлечени од страна на противпожарната служба и имале проблеми со дишењето, додека други пет се на преглед од медицински персонал.

Некои од повредените се пренесени во болницата Сант Еугенио, а други во болницата Умберто Примо.

„Од улицата мислев дека слушнав најмалку две експлозии “, вели една девојка која била во близина на зградата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот