ВИДЕО | Пожар во станбена зграда во Газа, над 20 мртви, меѓу нив и деца

Газа пожар/ Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Најмалку 21 лице, вклучително и цели семејства и деца, загинаа во пожар во станбена зграда во бегалски камп на северот на Газа, соопшти палестинската управа во градот, јави Си-Ен-Ен.

Пожарот избувнал во бегалскиот камп Џабалија, соопшти Министерството за внатрешни работи на Газа. Со прелиминарната истрага е утврдено дека во објектот е пронајдено поголемо количество бензин што придонело за ескалација на пожарот. Сите во зградата загинаа.

Меѓу загинатите има цели семејства, јавуваат локалните медиуми, повикувајќи се на лекари, претставници на локалната власт и фармацевти, како и нивните сопруги и деца, меѓу жртвите.

Хусеин Ал Шеик, генералниот секретар на извршниот комитет на Организацијата за ослободување на Палестина, го повика Израел да го отвори преминот Ерез за да дозволи ранетите да бидат транспортирани во болниците надвор од Газа. Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц рече дека би било правилно Израел да го стори тоа за да спаси човечки животи, но дека нема преживеани и затоа нема потреба.

Израел го контролира преминот Ерез, еден од ретките контролни пунктови што овозможува движење меѓу Израел и Газа. Полициските сили, цивилната одбрана и форензичките тимови сè уште го истражуваат инцидентот, соопшти Министерството за внатрешни работи на Газа.

Многу семејства кои живеат во Газа имаат залихи гориво за генераторите за напојување бидејќи Газа има електрична енергија само осум часа на ден. Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас прогласи ден на жалост за жртвите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот