ВИДЕО | Пожар во магацин во Љубљана, препорачано е жителите да останат дома

Пожар во Љубљана/ Фото: МИА

Во голем магацин во населбата Шентвид во Љубљана синоќа избувна пожар поради што густ чад се шири над овој дел од словенечката престолнина. На локалните жители им е препорачано да останат во своите домови и да не ги отвораат прозорците, пренесува СТА.

Пожарот се проширил од палети наредени до зградата и го зафатил магацинот на неколку фирми во кој имало и гуми, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

Според полицијата, во моментот на пожарот во зградата немало никој. Пожарот бил пријавен во полиција во четири часот наутро.

Во гаснењето на пожарот учествуваат Противпожарната единица на Љуб љана и неколку доброволни противпожарни единици.

Во прекин е сообраќајот на автопатот северозападно од Љубљана и по околните улици, како и железничкиот сообраќај во регионот на Горење.

Извор: МИА

Видео на денот