ВИДЕО | Пожар во Клиничкиот центар на Србија: го гаснат 26 пожарникари, избувнал во просторија со кабли

србија пожар клинички центар
Истрагата која треба да ги открие причините за пожарот ќе се изврши по целосно гаснење на пожарот / Фото: Принтскрин - Објектив.рс

Пожар избувна во Клиничкиот центар на Србија во раните утрински часови, а според информациите. избувнал во серверската соба со кабли. Се појавија и први снимки кои ги објави Блиц.рс

На лице место биле 26 пожарникари – спасувачи со пет возила.

Пожарот во Клиничкиот центар на Србија е локализиран во 8 часот и 45 минути и неговата појава е во тек, соопштија од тамошното МВР за Танјуг. Како што беше прецизирано, дојавата за пожарот била примена утрово во 8 часот и 14 минути, а пожарот зафатил една просторија со кабли од околу десет метри квадратни во објектот во изградба, во склоп на Клиничкиот центар.

Се наведува дека работниците од градилиштето на новиот дел на Клиничкиот центар се засолниле по избувнувањето на пожарот и дека во инцидентот нема повредени.

– На првиот кат избувна пожар, сите бевме евакуирани – рекол еден од работниците за „Новости“.

Истрагата која треба да ги открие причините за пожарот ќе се изврши по целосно гаснење на пожарот, соопшти српското МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот