ВИДЕО: Пожар во казино во Ѓорче Петров, нема повредени

Пожар во казино во Ѓорче Петров/Фото: Слободен печат

Претпладнево изби пожар во казино во Ѓорче Петров при што е опожарена кровната конструкција на објектот, соопшти МВР.

Според МВР пожарот е пријавен во 10:41 часот по што на локацијата веднаш се упатиле противпожарни екипи.

-Нема повредени лица, а пожарот сè уште се гаси од 5 екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, соопшти полицијата.

Додека трае гаснењето на пожарот, сообраќајот на  главната улица „Ѓорче Петров“ се пренасочува кој околните сообраќајници.

Околните куќи не се зафатени, јавува екипата на „Слободен печат“ од местото на настанот. На местото се присутни и полициски екипи, но и граѓани од околината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот