ВИДЕО| Пожар во Катар, во близина на стадионот Лусаил и навивачкиот камп

пожар катар притнскрин Твитер

Во навивачкото село во Катар на Светското првенство во близина на стадионот Лусаил дошло до драматична ситуација кога избувнал пожар, јавуваат медиумите.

Како што пренесува „Дејли мејл“ се подигнал голем густ чад, а се уште не е утврдено како дошло до пожарот.

Медиумите пренесоа дека  во навивачкото село „Северен остров Кетаифан“ се запалила зграда, а пожарникарите во моментот го гаснат пожарот .

Пожарот избувнал во навивачкото село наречено „Северниот остров Кетаифан“, додека властите истакнале дека пожарникарите го „контролирале“ пожарот во зградата, а нема повредени. И во Катар се обидоа да ги „разубедат“ навивачите, меѓутоа, видеото на социјалните мрежи покажа дека пожарот е видлив од голема далечина.

Фотографиите кои се појавија, исто така, покажуваат дека во градот Лусаил има шатори кои во најлош случај лесно може да се запалат од огнот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот