ВИДЕО | Пожар во дом за стари лица во Украина: Најмалку 15 лица настрадаа, 9 се повредени

Фото: EPA-EFE/PAVLO PAKHOMENKO

Најмалку 15 луѓе настрадаа и деветмина се повредени во пожар кој изби во дом за стари лица во Украина.

Пожарот избил во старечки дом во Харков во истокот на земјата, соопшти украинскиот државен сервис за итни случаи, пренесува Ројтерс.

Пожарот изби денеска попладне на вториот кат на зградата. Во тој момент во објектот се наоѓале 33 луѓе, соопшти сервисот за итни случаи.

На фотографиите кои ги објави сервисот се гледаат решетки на прозорците на првиот кат и чад кој се шири на вториот кат.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски апелираше министерството за внатрешни работи да преземе и да отвори истрага за тоа кој е одговорен за пожарот.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот