ВИДЕО | Пожар и пукање во Балтимор: Четири жртви, полицијата застрела вооружен маж пред запалените куќи

Фото: Screenshot/ WBAL TV 11 Baltimore

Четири лица настрадаа, а едно е повредено во голем пожар и пукање во Округот Балтимор во сојузната американска држава Мериленд, соопштија официјални лица.

Полицијата во округот Балтимор соопшти дека добила дојава за пожар и вооружен маж.

Кога на самото место пристигнале полицајците и пожарникарите, затекнале маж вооружен со пиштол пред запалените домови.

Полицијата го убила вооружениот маж, соопшти портпаролот на полицијата.

Не е познато колку полицајци отвориле оган врз вооружениот маж и како останатите лица настрадале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот