ВИДЕО: Пожар и неколку експлозии во Берлин, гори местото каде се депонираат бомби

Гори шумата Груневалд во Берлин/ Фото INA FASSBENDER / AFP / Profimedia

Шумска област речиси со големина на три фудбалски игралишта беше запалена во четвртокот во западниот дел на Берлин, откако избувна пожар на местото за депонирање бомби за време на топлотниот бран ширум градот, пренесува Ројтерс.

Противпожарната служба соопшти дека пожарот се проширил на 15.000 квадратни метри во Груневалд, огромно шумско подрачје каде се наоѓаат луксузни вили, популарни езера за капење и затворена депонија со муниција.

Службите за итни случаи известија за голем број експлозии во областа.

Портпаролот на противпожарната служба рече дека не биле погодени станбени области.

Местото за депонирање бомби во Груневалд, заштитена област, се користи за деактивирање на стари убојни средства, како и оружје и огномет, додаде портпаролот.

Берлин често спроведува операции за деактивирање бомби поради убојни средства што сè уште се откриваат од Втората светска војна.

Пожарот и експлозиите кои настанаа ги натераа властите да го ограничат патниот и железничкиот транспорт во и околу шумата Груневалд, а возовите што го поврзуваа Берлин со блискиот град Потсдам се откажани.

„Не влегувајте во шумите“, предупреди противпожарната служба на Твитер.

Берлин во моментов се соочува со пеколни температури. Германската метеоролошка служба ДВД прогнозираше еден од најтоплите денови во годината досега со температури кои во четврток се очекува да достигнат меѓу 34 и 38 Целзиусови степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот