ВИДЕО: Повторно грмат навивачите на „Енфилд“, Ливерпул рутински со Барнли

Играчите на Ливерпул повторно ја имаат поддршката од трибините/Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Ливерпул во својот прв настап сезонава во Премиер лигата со конечен резултат 2:0 успеа да го совлада Барнли.

Во некомплетната рунда за „црвените“ ова е веќе втора победа и моментно води во генералниот пласман со шест максимални бодови.

Стрелци на головите за домаќините беа Жота во 18 и Мане во 69 минута од средбата.

Поради ситуацијата со ковид-19 играчите на Ливерпул лани дома играше пред празни трибини, но еве повторно се вратија навивачите на „Енфилд“.

Како и обично, фановите на овој клуб направија нова одлична атмосфера со навивачки песни и секако легендарната химна „You’ll never Walk Alone“.

Во продолжение слушнете каква беше атмосферата и секако головите од самиот натпревар:

Видео на денот