ВИДЕО: Повторно активиран пожарот кај селото Патетино во Свети Николе

Фото: ЦУК

По целодневна борба на пожарникарите со огнот, синоќа околу полноќ беше објавено дека пожарот кај селото Патетино, Свети Николе е целосно изгаснат, но пред еден час повторно е активиран, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Се работи за село коешто се наоѓа на границата на Свети Николе со Пробиштип.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов кој го нарече пожарот „монструм“ ја пофали пожртвуваноста на пожарникарите од Свети Николе и несебична подршка на едни од најдобрите македонски пожарникари – велешките пожарникари, како и неколку локални доброволци под команда на храбриот командир на ТППЕ Свети Николе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот