ВИДЕО: Повредени патници во авион на „Делта ерлајнс“

Четири лица се повредени откако се запалил моторот на авион „Боинг 757“ на американската авиокомпанија „Делта ерлајнс“, по што авионот бил итно евакуиран на аеродромот во Атланта, во сојузната држава Џорџија.

Официјални лица велат дека авионот со 201 патник, кој оперирал од аеродромот Хартсфилд-Џексон Атланта до Минеаполис-Сент Пол, го прекинал полетувањето набргу по 9 часот наутро, по локално време, поради проблеми со моторот.

Пилотите забележале индикатор за „проблем со моторот“ додека авионот, кој е стар 21 година, веќе се подготвувал за полетувањето. Откако било издадена наредбата за евакуација, патниците биле извлечени со брза и ефикасна реакција на екипажот и на спасувачките екипи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот