Преку пола милион прегледи за македонските претставници на детскиот евросонг

Green Forces

Со развиорени македонски знамиња, Green Forces од „Дајте музика“ на социјалните мрежи им се заблагодарија на сите фанови за поддршката што ја добиваат.

Минатиот викенд Green Forces се сретнаа со албанската претставничка на Детскиот Eвросонг, популарната Ана Ѓебреа. Во студиото на Македонската телевизија, Ана пееше на македонски за спас на планетата Земја, а „Дајте музика” одговорија на албански: „Ќе бидеме покрај тебе!“

Песната на албанската претставничка Ана Ѓебреа ја третира темата за врсничко насилство, со наслов Stand by You („Ќе бидам покрај тебе”). Во најновото видео постирано на социјалните мрежи, децата од „Дајте музика” му се заблагодарија на организаторот на Детскиот евросонг 2021 за можноста за здружување на гласовите против четирите најгорливи теми што ја засегаат токму оваа генерација: врсничкото насилство, загадувањето, климатските промени и глобалното затоплување воопшто.

Музиката за „Green Forces“ ja напиша Роберт Билбилов, а текстот е на Робин Зимбаков. Видеоспотот е на „Вертиго вижуалс“, а во продукција на „Рифенштал“. Детскиот евросонг ќе се одржи на 19 декември 2021 г. во Париз, Франција.

Линк до песната со која нашите претставници ќе настапат на Детскиот евросонг:


Комерцијален ПР текст

Објавени песната и видеоспотот на македонските претставници од „Дајте музика“ за јуниорскиот Евросонг: Green Forces ја преземаат контролата

ВИДЕО | Децата од „Дајте Музика“ ќе ја претставуваат Македонија на Детска Евровизија

 

Видео на денот