ВИДЕО: Потресно сведоштво на тетовката на која и ги отстранија градите поради погрешна дијагноза за рак

Болница/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Со треперлив глас и видна вознемиреност во гестовите, со речиси слабо подвижна десна рака пациентката С.С. од Тетово во редакцијата на „Слободен печат“ ја раскажа својата голгота која трае пет години, откако погрешно ѝ бил дијагностициран карцином на десната дојка, поради што со операција отстранети ѝ биле двете гради и сега по судски пат се обидува да бара правда за нанесената телесна и психичка траума.

Во нејзината изјава таа зборува за траумата, шокот, неверицата, измешаните емоции но и за последиците од оваа хируршка интервенција и настаните кои воделе до неа, а кои се манифестирале негативно и врз нејзиното физичко, но и врз менталното здравје.

– Доаѓаа пријатели дома, да ме утешат, а јас не знаев како да им кажам, луѓе, по грешка сум оперирана немам карцином!, вели С.С.

За предметот Лекарската комора изврши стручен надзор, но извештајот на С.С. не ѝ го даваат со образложение дека има обвинителски предмет и наодите од стручниот надзор ја упатуваат да си ги бара од Обвинителството. Поради заштита на идентитетот на жената, напоменуваме дека оригиналниот аудио материјал е студиски дисторзиран, а снимен е во редакцијата на „Слободен печат“.

Погледнете го видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот