2 C
Скопје

ВИДЕО: Потпишан договор за белградското метро чија изградба почнува кон крајот на годината

Српскиот министер за финансии Синиша Мали потпиша денеска заеднички меморандум за изградба на белградското метро меѓу Владата на Србија, градот Белград, кинеската компанија „Пауер Чајна” и француските компании „Алстом” и „Ежис рејл”, со кој се дефинираат правата за изградба на метрото, според кои Французите ќе работат на електромашинскиот дел, додека Кинезите ќе изведуваат градежни работи, јави дописникот на МИА од Белград.

Министерот Мали најави дека изградбата на првата линија на белградското метро од Железник до Миријево ќе започне кон крајот на годината.

Првата линија на метрото треба да сообраќа од Макишко поле преку Белград на вода, центарот на градот и Карабурма до Миријево, во должина од 21,3 километри. Втората линија ќе се движи од Миријево до Нов Белград и Земун, во должина од 19,2 километри.

Прочитајте и...  Ракета на „Спејс-Икс" успешно слета, па експлодира

Вредноста на договорот е 581 милион евра, од кои 127 милиони евра се наменети за подобрување на ефикасноста на електродистрибутивната мрежа, додека 454 ќе бидат инвестирани во изградбата на првата линија на метрото, кои се обезбедени од француската Влада.

Министерството за градежништво претходно објави дека првата линија на метрото во Белград, од Макишко поле до Миријево, може да се заврши за три години од почетокот на работите, додека заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ најави дека првата линија на белградското метро ќе биде завршена во 2028 година.

Претставници на компаниите од Франција и Кина, кои ќе бидат ангажирани во изградбата на метрото, изјавија дека проектот е важен не само за Белград, туку и за цела Србија, и дека ќе се гради според најновите технологии.

Прочитајте и...  Партиските политики не може да бидат наметнати на државно ниво со локално дејствување

Извор:МИА

Поврзани вести

Турција во февруарска офанзива против Даеш и ИСИС приведе 165 осомничени за тероризам

Слободен печат

Израел крои планови како да ги заштити од апсење офицерите од војната во 2014 година

Цунами од потресни снимки од ужасот во Нов Зеланд ги преплави социјалните мрежи

Слободен печат

Повторно ставена во функција модуларната болница во Клиничкиот центар

Слободен печат

Ужасен напад во Црна Гора: Насилници врежаа крст на градите на ЛГБТ лице и му ги повредија гениталиите

Слободен печат

Филипче: Во текот на овој месец ќе почне имунизацијата на населението

Слободен печат

Остави Коментар