ВИДЕО: Потпиша за Лајпциг, иако имаше понуди од Реал, Баерн, Милан..!

Фото: twitter.com/RBLeipzig_EN

Унгарскиот репрезентативец Доминик Шобошлаи официјално е нов играч на германската екипа Лајпциг.

Во изминатите две години ги бранеше боите на австрискиот Салцбург, а Лајпциг за ова лево крило плати 25 милиони евра. Интересен е податокот што и двата клуба имаат ист спонзор.

Тој станува најскап Унгарец на сите времиња, потпиша договор до 2025 година и ќе го носи бројот 17 на грбот.

Оваа сезона за Салцбург одигра вкупно 21 натпревар, воедно запиша девет голови и 10 асистенции.

Шобошлаи имаше понуди од врвни клубови во Европа како Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Тотенхем, Милан, Баерн Минхен..на крајот се одлучи за „црвените бикови“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот