ВИДЕО | Потег за респект: Чекаа 30 години да освојат пехар, им го подарија на лекарите

принтскрин/твитер

Екипата на Реал Сосиедад триумфираше во Кралскиот куп откако во филето го совлада големиот ривал од Баскија, Атлетик Билбао, а потоа направија потег со кој ги освоија срцата на сите Шпанци.

Тие трофејот наменет за освојувачот на Купот го однесоа во болницата во Сан Себастијан и им го подарија на медицинскиот персонал во знак на благодарност за се што сторија за време на пандемијата на коронавирусот.

„За сите луѓе кои се борат секој ден против пандемијата, овој Куп е ваш. Вие сте вистинските шампиони“, напиша Реал Сосиедад на социјалните мрежи.
Клубот исто така објави видео од предавањето на трофејот на кој чекаа повеќе од 30 години.
– Тоа е акција за која размислувавме уште од почетокот на пандемијата. Сакавме пехарот да им го понудиме на лекарите бидејќи тие се вистинските херои во ова време. Сакаме да им се заблагодариме за претгодната година и се надеваме дека се ќе заврши наскоро – изјави претседателот на Реал Сосиедад, Хоакин Аперибај.  

Докторите кои го кренаа трофејот се заблагодарија на клубот бидејќи како што велат, зад нив е емотивна и тешка година.
– Исто така сакаме да се заблагодариме бидејќи го препознавте нашиот труд и трудот на сите навивачи кои се однесуваат примерно за време на прославата на освојувањето на пехарот – порачаа лекарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот