ВИДЕО | Посведочете ги трагикомичниот обид на Кендал Џенер да исече краставица и коментарите на „Твитер“

Кендал Џенер се обидува да пресече краставица, Фото: Twitter

Во последната епизода на серијата „Кардашијан“, Кендал Џенер која вреди околи 45 милиони долари се обидува да си направи закуска и да си пресече краставица. Неуспехот на манекенката и трагикомичниот обид го возбудија интернетот, па корисниците на социјалните мрежи се „мезеа“ со Џенер.

Обид беше посведочен од мајка ѝ Крис Џенер.

„Биди внимателна, се пресеков пред некој ден“, рече загрижената мајка додека внимателно ја набљудуваше Кендал. „Знам, малку сум исплашена“, признава Кендал, пред да праша: „Дали краставиците имаат семки?Дефинитивно не знам добро да сечам, затоа не ме зумирај. Не сум професионалец“.

Додека прстите на Кендал се приближуваат до сечилото, Крис брзо се обиде да го реши проблемот.

„Дали сакаш готвачот да ти направи закуска? Крис Џенер ја прашува својата ќерка во видеото, на што таа одговара: „Сама си правам. Само треба да исецкам краставица, тоа е прилично лесно“. „Добро, браво“, одговара нејзината мајка, додека камерата зумира на Џенер како незгодно ги држи ножот и краставицата.

@jessthereporter #kendalljenner #thekardashians #scottdisick #krisjenner ♬ original sound – Jess Lucero❤️‍🔥☕️

Впечатоци на публиката

„Кендал Џенер кајшто сече краставица беше најдобриот дел од најновата епизода на Кардашијан“, напиша еден корисник.

„Опседната сум со тоа што Кендал Џенер се обидува да докаже дека не е размазена богата девојка, инсистирајќи да си направи сама закуска и речиси да и го измести рамото обидувајќи се да исече краставица“, забележа друг корисник.

„Кендал Џенер како сече краставица е една од најболните работи што сум ги видел“, додаде некој друг.

„Никогаш нема да можам да го заборавам лудиот обид на Кендал Џенер да исече краставица“, напиша друго лице.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bravohistorian (@bravohistorian)

И уште една личност прибегна кон извик со големи букви: „НЕЕЕ! ЗОШТО КЕНДАЛ ВАКА ЈА СЕЧЕ КРАСТУВАЦАТА“.

Кендал Џенер дури и самата ги прокоментира вештините за ракување со нож. Таа се огласи на твит и ја нарече сопствената техника „трагична!“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот