ВИДЕО: Последен ја заврши трката, но ќе биде дел од финалето на 800 метри

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Еден од најдобрите атлетичари на светот на 800 метри, Нијел Амос, ќе биде дел од големото финале на Олимписките игри во Токио, откако беше поднесена жалба.

Амос во денешната полуфинална трка на последните 200 метри беше сопнат во финишот (во тој момент беше на петтото место) по контактот со Американецот Ајзеја Џивет кој претходно падна. Спортски, Амос и Џивет ја завршија трката, иако не им беше грижа за нивните крајни резултати.

По трката, Амос поднесе жалба токму од причината дека бил сопнат, односно спречен да ја продолжи трката. Официјалните претставници на трката ја зедоа предвид жалбата и по прегледувањето на видео снимките одлучија според правилникот да го почитуваат она што спортистот од Боцвана го бараше, па така тој ќе се натпреварува во финалето на 800 метри, на патеката „9“.

Жирито донесе одлука дека Амос паднал, но не по негова вина, оценувајќи дека учесникот од Боцвана имаl време за влез во финалето.

Во финалната трка која ќе се одржи на 4 август со почеток од 14.05 часот по македонско време, а 21.05 по локално во јапонскиот град, ќе учествуваат уште:

Габриел Туал (Франција), Амел Тука (Босна и Херцеговина), Патрик Добек (Полска), Емануел Кипкуруи Корир (Кенија), Клејтон Марфи (САД), Фергусон Черуијот Ротич (Кенија), Адриан Бен (Шпанија) и Питер Бол (Австралија).

Фактот дека Амос исто така е учесник во финалето ќе им ја отежне задачата на останатите конкуренти во борбата за медал, со оглед на тоа што претставникот на Боцвана важеше за прв фаворит во квалификациската група.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот