ВИДЕО | Последен говор на Трамп: Не го спомена Бајден, ама нагласи дека е прв претседател кој не почнал војна

Доналд Трамп
Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/WHITE HOUSE

Белата куќа го објави прошталниот говор на американскиот претседател Доналд Трамп пред утрешната инаугурација на Џо Бајден.

Говорот на Трамп е снимен во Белата куќа и трае помалку од 20 минути.

„Оваа недела ја инаугурираме новата администрација и се молиме за нејзиниот успех, да ја одржи Америка сигурна и успешна“, рече тој и додаде: „Исто така им посакувам среќа“.

Иако се работи за редок гест на добра волја кон неговиот наследник, Трамп во видеото ниту еднаш не го спомена Бајден.

„Го направивме она што дојдовме да го направиме – и многу повеќе од тоа. Се борев во тешките битки, најтешките битки и донесував одлуки, зошто тоа беше она за што ме избравте“, им порача Трамп на Американците.

Тврдеше дека „најголема опасност“ која сега и се заканува на Америка е „губењето верба во големината на нацијата“:

Во говорот тој ги наброја и сите работи кои неговата администрација во изминатите четири години ги направи, од „спротивставувањето на Кина на начин на кој никој претходно не го направил“ па се до „серијата историски мировни договори на Блискиот исток“.

Светот повторно не почитува, ве молам не го губете тоа почитување“, порача Трамп.

„Посебно сум горд што сум првиот претседател во повеќе десетлетија кој не покрена ниту една нова војна“, рече Трамп.

Тој го спомена и неодамнешниот упад на своите приврзаници во зградата на Капитол.

„Сите Американци се згрозени од нападот на Капитол… Тоа не можеме да го толерираме“, рече тој.

Посебно е интересна пораката која ја испрати на крајот од говорот: „Сакам сите да знаете дека движењето кое го основавме е само почеток“.

ВИДЕО | Бајден не можеше да ги скрие солзите пред своите сограѓани: Извинете за емоциите, сакам само покојниот син да беше тука

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот