ВИДЕО: Зголемувањето на цените во туристичките места е незначително

Зголемените цени на туристичките аранжмани не ги одвраќаат граѓаните од намерата да заминат на патување или да го испланираат летниот одмор.Се чувствува раздвижување во туристичкиот сектор, очекувана појава по пандемијата е луѓето да ја искористат можноста повторно да патуваат. Можам да се пофалам дека туристичките аранжмани за патување во странство се веќе резервирани кај поголем број туристички агенции, рече денеска во Утрински брифинг Ана Марија Алексова, сопственичка на туристичката агенција „Стаф“.

– Нормално дека покачувањето на цените и секоја економска криза има влијание врз одлуката дали да се патува или не, но имам впечаток дека граѓаните веќе имаат обезбедено средства потребни за реализација на летниот одмор, посебно ако се знае дека има граѓани кои две или три лета поради пандемијата не отпатуваа никаде. Покачување на цените се забележува во Албанија, но не толку поради кризата, туку поради побарувачката за оваа дестинација. Зголемување на цените се забележуваат и во Грција, како на прехранбените производи и ресторанските услуги, така и на аранжманите, но не станува збор за драстично поскапување. На пример, се забележува зголемување на цените на аранжманите за околу 20 до 50 евра за семејство за период од една недела, објаснува Ана Марија.

Таа нагласува дека засега не се забележува страв кај граѓаните од мајмунските сипаници, ниту пак се забележани откажување на аранжмани поради новата зараза.

– Секоја општествена, економска и здравствена ситуација има влиание врз туризмот, но во моментов не стравуваме дека мајмунските сипаници ќе ги спречат граѓаните да одат на летен одмор. Летниот одмор е нешто што секој го заслужува по напорната година и макотрпната работа, вели Алексова.

Таа не очекува финансиска корист од мерката на Владата за ваучери за граѓани со ниски примања.

– Од оваа мерка бенефит имаат само хотелиерите, а не и туристичките агенции. Ние баравме да бидеме директен посредник при користење на средствата, но не добивме позитивен одговор на нашето барање, а граѓаните имаат навика директно да се јавуваат и да резервираат во хотелите, посебно кога станува збор за блиска дестинација, додава Ана Марија Алексова.

Проследете го целото видео во разговорот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот