ВИДЕО | Посен ручек од рерна, тава полна со витамини

Фото: Принтскрин/Bakina i dekina kuhinja

Денеска почнува божиќниот пост кој трае до 7 јануари. Доколку планирате да го постите целиот пост или барем еден дел, еве предлог за вкусен и брз ручек кој е полн со витамини. Станува збор за мешавина од зеленчук запечен во рерна. Зеленчукот можете да го комбинирате по желба, зачинете и испечете. Пријатно!

Состојки:

– 1 помал карфиол (може и брокула)
– половина праз
– грст боранија и грашок
– 2 свежи пиперки
– 2 моркови
– 1 компир
– 1 домат
– половина корен од целер
– маслиново масло
– 200 мл варени домати

Зачини:

– половина лажичка слатка мелена пиперка
– бибер
– 1 лажичка кари
-1 лажичка сув зачин
– 1 лажичка лук во гранули
– лист од магдонос

Подготовка:

Во помал сад измешајте ги зачините и сипете ги сите зеленчуци кои ги исечкавте по желба. Измешајте со рацете. Додадете половина мал филџан маслиново масло (30 мл), па повторно измешајте. Плехот од рерната обложете го со хартија за печење, па сипете го зеленчукот и распоредете го.

По желба додадете уште малку масло одозгора. Сипете ги сварените домати и печете во рерна на 220 степени околу 45 минути. Послужете топло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот