ВИДЕО: Поранешната менаџерка на Тоше Проески го бара мирот во полиња лаванда

Лилјана Петровиќ, поранешната менаџерка на Тоше Проески, по сообраќајната несреќа во која загина пејачот целосно се повлекла од естрадата и јавниот живот и се посветила на одгледување лаванда.

Петровиќ која скоро никогаш не се појавува во јавноста, се приклучила на програмата на емисијата „Јутро“ на ТВ Прва од нејзината плантажа со лаванда, каде што водителот ѝ бил на посета, пренесува „b92“.

Instagram
Фото: Instagram

„Му бевте менаџерка на покојниот Тоше Проески. Сè ова настана после трагедијата. Дали најдовте мир?“, ја прашува водителот.

„Не го очекував ова прашање. Никогаш не можеш да најдеш мир. Можеш да научиш да се носиш со тоа“, рече Петровиќ.

Видеото може да го погледнете тука.

Тоше Проески почина на 16 октомври 2007 година на автопатот А3, на патот од Скопје кон Загреб. Автомобил управуван од Георгиј Георгијевски удрил во камион откако возачот најверојатно заспал зад воланот.

Менаџерката Лилјана Петровиќ, која во тоа време била полесно повредена, спиела за време на несреќата, исто како и Тоше. Сепак, тој за жал почина на самото место како резултат на повреда на ‘рбетот.

Видео на денот