ВИДЕО | Поранешен фудбалер на Лацио излета од автопатот и се заби во ѕид од сала во изградба

Фото: Screenshot_6

Поранешниот фудбалер на Лацио, Софијан Ккијин доживеа тешка сообраќајна несреќа откако влетал низ ѕид на недоградена спортска сала.

Кијин потекнува од Мароко, но сега живее во Белгија каде што во вчерашниот ден доживеа сообраќајна несреќа. Според информациите тој возел пребрзо по влажниот коловоз и откако налета на млаз вода „излета“ на градилиштето.

При слетувањето Кијин се заби во ѕидот на спортската сала која беше во изградба и се здоби со повреди поради што беше пренесен во болница. Иако бил во тешка состојба сепак, за среќа е надвор од животна опасност, пренесуваат медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот