ВИДЕО: Популарниот ТВ научник покажа дека маските се ефикасни и потребни и стана вирален хит

Американскиот ТВ научник Бил Нај сними кратко видео на популарната мрежа ТикТок за тоа што значи кога се носат маски и како успешно го спречуваат ширењето на болеста во САД.

Тој од удобноста на својот дом, со едноставни „алатки“ покажа дека вирусот е најмногу распространет во оние делови во САД каде не се носат маски, а го разби и популарниот мит дека памучните маски не штитат доволно од коронавирус.

„Постои перцепција дека вирусот може да помине низ влакната на маската, како оваа црвена точка“, продолжува Бил, а потоа демонстрира зошто тоа не е точно. “Значи, кога капката ќе влезе во влакната на маската, таа останува заробена. Не е толку тешко да се разбере. Затоа, имаме правила за носење маска”.

@billnyeI don’t know who needs to hear this but… #masks work. Wear one. Carry on… #tiktokpartner #learnontiktok

♬ original sound – Bill Nye

На крајот Нај упати порака до сите оние кои одбиваат да носат маски затоа што велат дека тоа е ограничување на нивната слобода.

“Правила сè уште постојат, дури и во слободните земји. Вие знаете за правилата. Плаќате даноци за целиот пат, но возите само од едната страна. Инаку …” рече тој и покажа што се случува ако луѓето не го следат тоа правило.

“Затоа, ве молам, сите носат маска. Ви благодарам”, вели на крајот Бил кој редовно на своите фанови на ТикТок им објаснува за актуелни прашања, па така пред некое време објави и видео за тоа како правилно се носат маски и како функционираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот