ВИДЕО: Поп-ап ресторан во Токио, каде секоја погрешна нарачка се простува

youtube
фото; принтскрин

Веројатно нема човек на кој не му се случило да нарача нешто во ресторан, а да добие нешто сосема друго. Иако е прилично фрустрирачки, еден ресторан го нуди токму тоа.

Имено, пред неколку години во Токио се појави ресторан со погрешни нарачки, а неговата мисија била да ангажира келнери со деменција.

Идејата за овој ресторан се создала од претпоставката како би функционирало едно место во кое персоналот има деменција и веројатно погрешно ќе ја разбере секоја нарачка. Но, ако го знаете ова однапред, тоа целосно ја менува вашата перцепција.

Ова искуство ќе ве натера да сфатите дека со малку разбирање од наша страна, пациентите со деменција можат да бидат функционални членови на општеството. Покрај тоа што им помага на луѓето со деменција, овој ресторан е и многу забавно место.

Кога знаете дека шансите да го добиете нарачаното се мали, со сигурност има доза на возбуда – што ќе се појави во вашата чинија.

Според блогерите кои го посетиле овој ресторан, храната е многу вкусна, така што ќе бидете задоволни со што и да добиете.

Така, блогерката Мизухо Кудо, којa го посетила овој необичен ресторан, си нарачала хамбургер, а добила кнедли „гиоза“. И покрај тоа, како што вели, била воодушевена од ова искуство, а кнедлите биле многу вкусни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот