ВИДЕО | Помор на милиони риби во река во Австралија

Фото: Принтскрин - Твитер

Жителите на регионалниот австралиски град Менинди пронашле милиони мртви риби во нивната река, за кои државните власти тврдат дека е резултат на тековниот топлотен бран, пренесува „Science alert“.

Локалните жители велат дека тоа е најголемото убивање на риби што го погодило градот, кој доживеа уште едно значително масовно изумирање пред само три години.

Фото: Принтскрин – Твитер

Со објава на социјалните мрежи, Одделот за примарни индустрии на Нов Јужен Велс (DPI) рече дека топлотниот бран ставил „дополнителен стрес на системот кој доживеа екстремни услови поради големи поплави“.

Топлотните бранови станаа почести, поинтензивни и подолги поради климатските промени предизвикани од човекот.

Планетата веќе се загреа за околу 1,1 степени Целзиусови од почетокот на индустриската ера, а температурите ќе продолжат да растат доколку владите ширум светот не направат радикално намалување на емисиите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот