ВИДЕО | Помфрит пица: Тестото го заменуваат крцкави компирчиња!

youtube/printscreen
youtube/printscreen

Доколку сакате пица, но сте љубители и на помфрит, во тој случај рецептот за помфрит – пица дефинитивно ќе ви се допадне. Одлична вечера за сите љубители на брза храна – на малку поинаков начин.

Ако мислевте дека веќе го знаевте трикот и дека не е нешто ново да ставите помфрит над свежо печена тесто за пица, не сте во право. Во овој рецепт компирот всушност го менува тестото како основа на две нивоа.

Состојки:

  • 1 кг помфрит
  • 100 гр пармезан
  • 300 гр рендана моцарела
  • 300 гр сирење
  • 1 мала конзерва сос од домати
  • неколку парчиња зачинети колбаси исечени на кругчиња
  • 1 лажичка оригано
  • сол и црн пипер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени, потоа ставете ги компири во тава со масло и пржете ги 15 минути. Потоа одделете дел (околу 200 гр.) компири, а остатокот ставете го во тркалезна тава за пица и притиснете. Притискајте со чаша за компирите убаво да го покријат дното и да формираат тесто, а потоа ставете мешавина од пармезан и оригано. Печете 20 минути.

Извадете од рерна и ставете сирење, додадете го сосот со домати и ставете ја одозгора моцарелата. Одозгора ставете го остатокот од помфритот, па повторете ја постапката и редете на слоеви – сирење, доматен сос, моцарела (овој пат 200 гр) и на крај наредете ги парчињата колбаси.

Печете половина час на 190 степени додека не добие убава боја, пренесува Tastemade.

Добар апетит!

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот