ВИДЕО | Половина час за Елмас во новата победа на Наполи

Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Екипата на Наполи продолжи да реди победи во италијанската Серија А и денес забележа нов убедлив триумф против Торино на гостински терен од 0:4.

Торино немаше никакви шанси денес за изненадување против фаворитот, гостите до водство стигнаа по само девет минути игра со голот на најдобриот стрелец во Серија А, Виктор Осимен. Во 35-тата минута, Кварцхелија од пенал зголеми на 0:2.

Не се промени сликата ниту во вториот дел, па веднаш на стартот Осимен го постигна својот втор гол на натпреварот и 23-ти во сезоната за 0:3. Конечните 0:4 ги постави Ндомбеле.

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас одигра околу половина час откако на теренот влезе во 65-тата минута на место на Ирвинг Лозано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот