ВИДЕО: Политичар од партијата на Вучиќ бара прашања од новинари во празна сала

Владимир Орлиќ/ Фото: Фејсбук

Политичарот Владимир Орлиќ, претставник на Српската напредна странка, чиј претседател е српскиот претседател Александар Вучиќ, одржа прес-конференција.

На крајот од конференцијата тој им се обрати на присутните со зборовите: „Ве молам, доколку имате прашања“, каде што камерманот го прошири кадарот и покажа целосно празна сала.

Видеото ги насмеа корисниците на социјалните мрежи. Објавено е со натпис: „Најсилната прес-конференција во последните 1000 години“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот