ВИДЕО: Полицијата со водени топови ги растеруваше демонстрантите во Холандија, уапсени се 25 лица

Фото: EPA-EFE/ROBIN VAN LONKHUIJSEN

Полицијата се судри со демонстрантите за време на денешните протести во Амстердам и Ајндховен, организирани против воведувањето карантин во Холандија.

Во Амстердам, силите за спроведување на законот употребија водени топови за да ги растераат демонстрантите кои се собраа на плоштадот опкружен со музеи.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како полицијата интервенира со водени топови против група демонстранти собрани во близина на зградата на музејот „Ван Гог”.

Полицијата во Ајндховен исто така употреби водени топови и солзавец против стотици демонстранти и преку звучници предупредуваше да се избегнува центарот на градот.

Засега нема информации за повредени, но полицијата соопшти дека се издадени над 3.600 казни за кршење на полицискиот час, како и оти 25 лица се уапсени за насилство.

Синоќа, за време на првата вечер од полицискиот час, демонстрантите запалија лабораторија за тестирање за коронавирусот во холандското рибарско село Урк и фрлаа петарди.

ФОТО+ВИДЕО: Демонстранти против полицискиот час во Холандија запалија центар за тестирање за коронавирус

Видео објавено на социјалните мрежи покажува како огорчени млади луѓе влегуваат во лабораторија во Урк, која подоцна била запалена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот