ВИДЕО | Полицијата во акција во 47 земји: Уапсени 286 лица осомничени за трговија со луѓе

Фото: Screenshot/YouTube

Меѓународната криминалистичка полиција (Интерпол) соопшти денеска дека во меѓународна акција од 5. до 9. јули уапсени се 286 лица осомничени за трговија со луѓе и додаде дека се откриени 22 криминални групи.

„Операцијата Либертера е спроведена во текот на пет дена и се однесува на меѓународната трговија чија главна мотивација се профит на организираните криминални мрежи“, изјави Јирген Шток, генерален директор на Интерпол со седиште во Лион.

Според неговите зборови, откриени се 22 криминални мрежи благодарение на сеопфатна и координирана полициска акција.

Таа акција е спроведена во 47 држави каде имало околу 500.000 инспекции на различни контролни пунктови, вклучувајќи ги и аеродромите, како и зоните кои разузнавачките служби ги означиле како приоритетни.

Шток рече дека се спасени 430 жртви на шверц на луѓе и идентификувани 4.000 илегални мигранти од 74 земји.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот