ВИДЕО: Полицијата со кучиња „тресеше“ тетовски кафулиња, најде малолетници што пијат алкохол

Фото: МВР/Јутјуб/принтскрин/илустрација

Полицајци од Бирото за јавна безбедност при МВР придружени со полициски кучиња, во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд, синоќа спроведоа опсежна рација во пет угостителски објекти и во едно казино во Тетово.

Притоа биле затекнати 11 малолетници во угостителски објекти по 24 часот, од кои осуммина конзумирале алкохол, а 14 лица биле затекнати во објектите без да поседуваат ковид-сертификат.

„Откриени беа три кривични дела од кои едно за употреба на лажен сертификат, а до надлежното обвинителство ќе биде поднесен поднесок и против сопственик на објект кој упатувал закани кон полициските службеници и инспекциските служби“, соопшти МВР.

Сопственици на дел од кафулињата во кои беше извршена рацијата, но и граѓани, денеска на социјалните мрежи реагираа на, според нив, прекумерната полициска акција во Тетово. Дел од нив велат дека во акцијата биле контролирани само објекти чии сопствениците и најчестите гости се етнички Македонци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот