ВИДЕО: Полицијата пука на протест против мобилизацијата во руската република Дагестан

Фото: Твитер/принтскрин

Полицијата во руската Република Дагестан денеска испука предупредувачки истрели од автоматско оружје за да ги растера демонстрантите кои денеска протестираа против воената мобилизација, информираа локални активисти.

Како одговор на наредбата на претседателот Владимир Путин од неделавва недела, жителите на Ендиреј го блокирале влезот во гратчето за да им оневозможат пристап на властите, наведува веб-страницата за граѓански права OVD-Info.

Протестот бил организиран откако 110 мажи биле повикани да одат на фронтот во Украина во местото, кое има помалку од 8.000 жители, пишуваа локалните медиуми.

На видеа објавени на социјалните мрежи се гледа како полицајците испукуваат кратки рафали во воздух, а жителите се на раб на отворен конфликт со полицијата, пренесе ДПА.

Протести имало и во главниот град на Дагестан, Махачкала, каде граѓаните се собрале на протест, дале отпор на мобилизацијата и се судреле со полицајците.

По минатонеделната најава за делумна мобилизација за војната против Украина, избувнаа масовни протести низ цела Русија, на која се уапсени повеќе од 2.000 луѓе.

Дагестан и соседната Чеченија се кавкаски руски републики со доминантно муслиманско население, познати по крвавите војни за независност во 90-тите, во кои загинаа илјадници луѓе. Дагестан наводно е меѓу руските региони од кои во моментов се мобилизираат најмногу луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот