ВИДЕО | Полиција прекина натпревар и уапси фудбалер во Велс

Фото: Screenshot

Сцена каква што досега не сме виделе на фудбалските терени се случи во регионалната лига на Велс во натпреварот помеѓу екипите на Баглан Драгонс и Кумбарн Селтикс.

Имено, во текот на овој натпревар полиција влезе на теренот и го уапси фудбалерот на домаќините Џордан Еванс. Еванс на теренот влезе при негатива на својот тим од 3:1, а потоа во 72. минута го постигна голот за голем пресврт и водство од 4:23.

Сосема неочекувано пред крајот на средбата полицијата влегла на теренот и го уапсила. Клубот целиот случај го објасни со соопштение.

„Свесни сме за видеото кое е објавено на социјалните мрежи и на кое се гледа инцидентот во кој е вмешан еден од нашите фудбалери за време на натпреварот во саботата. Нашиот играч беше приведен во 85. минута како осомничен за кражба, но исто така можеме да потврдиме и дека беше ослободен од полицијата неколку часа подоцна без обвинение или дополнителни дејствија. Случајот го сметаме за затворен и повеќе нема да се огласуваме на оваа тема“, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот