ВИДЕО: Полицаец во САД стави колено на вратот на НБА кошаркар при негово апсење

Полицијата во Лос Анџелес го објави целото видео од апсењето на НБА кошаркарот/ принтскрин/јутјуб

Кошаркарот на Њу Орлеанс пеликанс, Џексон Хејз е успасен кон крајот на јули откако полицијата пристигна пред неговиот дом поради пријава за можно семејно насилство.

Неколку денови по инцидентот „ТМЗ“ објави видео како тројца полицајци се обидуваат да го совладаат НБА кошаркарот пред влезот во неговиот дом.

Полицијата во Лос Анџелес отвори истрага поради можна прекумерна употреба на сила, а вчера објави подолго видео од камерата која ја носеше еден од полицајците.

Во еден момент полицаец го држи коленото на вратот на 211 сантиметри високиот кошаркар кој неколку пати рече „Не можам да дишам“.
Токму оваа сцена ја шокира јавноста во САД бидејќи токму ваквиот пример на полициска бруталност го чинеше живот Џастин Флојд по што следеа протестите ширум САД и создавањето на движењето „Black Livers Matter“.

Во видеото кое го објави полицијата во Лос Анџелес се гледа дека до конфликт дојде кога НБА кошаркарот оттурна еден од полицајците, по што сите тројца реагираа и му ставија лисици на рацете. Откако еден од колегите му сугерираше на полицаецот да го тргне коленото од вратот на кошаркарот, тој тоа го стори, а неколку пати употребија и електрошокери.

Девојката која е наводна жртва на насилство го молеше кошаркарот да прекине, кој на крај беше приведен поради давање отпор при апсење.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот