ВИДЕО: Покер на Реал во Гранада, „кралевите“ ја продолжуваат потерата по Атлетико

epa09198071 Real Madrid's midfielder Luka Modric (2-R) celebrates with teammates after scoring the 0-1 during the Spanish LaLiga soccer match between Granada CF and Real Madrid held at Nuevo Los Carmenes stadium in Granada, southern Spain, 13 May 2021. EPA-EFE/Kiko Huesca

Фудбалерите на Реал Мадрид остварија убедлива победа на гостувањето кај Гранада со 4:1 со што на две кола до крајот ги задржаа шансите за се борат за титулата во Ла Лига.
Реал повторно е второпласиран на табелата со 78 бодови, само два помалку од лидерот Атлетико Мадрид.
„Кралевите“ поведоа во 17 минута со голот на Лука Модриќ, а во судиското продолжение во првото полувреме преку Родриго зголемија на 2:0.
Гранада во 71 минута успеа да намали на 2:1, но Реал одговори со нови два гола, на Одриозола и на Бензема со кои ја завери победата и остана во трката за титулата со Атлетико Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот