ВИДЕО: Погледнете како еден полицаец спречи да настане поголема трагедија при упадот во Конгресот

Напад во Капитол Хил / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Видеото кое е снимено за време на упадот на поддржувачите на Трамп во Конгресот веројатно најдобро сведочи за природата на конфликтот кој загрози добар дел од светот.

Заради тој упад, односно нередите и насилството предизвикани од поддржувачите на Трамп, беше покренат и изгласан импичмент за американскиот претседател во заминување, кој се обвинува за поттикнување на нередите.

Најгледаното видео од тој настан го направи новинарот на порталот „The Huffington Post“, Игор Бобиќ, а како што пишува Јутарњи лист, на него се покажува како полицаец со афроамериканско потекло спречил да се создаде уште поголем конфликт.

На снимката се гледа соочувањето на полицајците со група на демонстранти кои на 6 јануари упаднаа во зградата на Конгресот за да се обидат да ги оспорат резултатите од минатогодишните претседателски избори во САД на кои Бајден го победи Трамп, пишува Вашингтон пост.

Снимката брзо се прошири на социјалните мрежи, а афроамериканскиот полицаец е прогласен за херој бидејќи 85 секунди без употреба на насилство или смртоносна сила им даваше отпор на насилниците кои константно му се приближувале.

Полицаецот за време на конфликтот два пати се повлекувал по скалите, но експертите велат дека тој не се повлекувал навистина, туку ја одвлекувал толпата од салата каде заседавал Сенатот, која била преполна од сенатори кои ги штителе наоружани полицајци.

Полициската управа на Капитол хил не го откри идентитетот на полицаецот, но три негови пријатели рекле за Вашингтон пост дека станува збор за Јуџин Гудман од сојузната држава Мериленд.

Професор по право на Правниот факултет во Њујорк и бивши полициски службеник од Полициската управа на тој град, Кирк Буркелтер рекол за Вашингтон пост дека Гудман со таа постапка најверојатно спречил избивање на насилен судир.

„Да постапеше различно, тој ден можеа да загинат многу повеќе лица“, рекол тој после инспекцијата на снимката. „Тие луѓе таму дојдоа со пластични лисици. Не е неразумно да се помисли дека биле подготвени да земаат заложници… службеникот Гудман помогна да не дојде до голема трагедија“.

Инаку во нередите тој ден починаа пет лица.

Извор: Б92

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот