ВИДЕО: Погледнете ја реакцијата на Меркел откако дозна дека не носи маска

Фото: EPA-EFE/RAINER KEUENHOF / POOL

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера се обрати на Бундестагот, а во говорот објасни дека постои реална опасност од нови видови на коронавирусот, кои се поагресивни, поради што е потребно да се продолжат мерките на локдаун.

Меркел вчера во обраќањето рекла дека вакцинирањето се подобро напредува и дека бројот на инфекции се наоѓа во пад.

„Да е тоа целокупната слика, денес би рекла дека сум многу оптимистична. Меѓутоа, во исто време имаме реална опасност на мутации. Сите три нови видови се поагресивни од изворниот вирусот“, рекла таа.

Меѓутоа, нејзиното појавување го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи од друга причина.

Имено, се појави снимка од седницата на Бундестагот каде се гледа како канцеларката седнала на своето место, а потоа во еден момент видела дека и фали маска.

Меркел во моментот се збунила и со блага насмевка се вратила по заштитната опрема која ја ставила на лицето.

Извор: Телеграф.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот